Хрватските ракометари кои го освоија бронзениот медал на Европското првенство во Данска, ќе добија премија од околу 150.000 евра. По скандалот со откажаниот дочек во Загреб, сепак, ракометарите ќе добија премија кога ќе пристигнат назад во својата земја.
„Им честитам на нашите ракометари за овој голем успех. Ова е доказ дека ова е златна генерација која веќе остави длабок белег, и сигурен сум дека ќе продолжат да постигнуваат одлични резултати во годините што доаѓаат. Јас сум тука пред Владата да ги поздравам, а напладне ќе ги прими и премиерот Андреј Пленковиќ“, изјавил министерот Главина, кој потоа ја открил и висината на наградата.
Според информациите, секој ракометар на Хрватска ќе добие по 5.250 евра, како и селекторот, односно членовите на стручниот штаб. Вкупната сума ќе биде 150.000 евра. Ако дојде до финалето, Хрватите ќе добиеја по 7.500 евра, додека за златото би добиле по 12.500 евра.










