Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски би можел повторно да заигра во Серија Б. Според информациите на TuttoMercatoWeb, во тек се преговори со Пескара, која очигледно нема намера да застане со засилувањата по доаѓањето на Инсиње и Бругман.
Напаѓачот, кој моментално настапува за Славен Белупо, би се вратил во Италија по претходните ангажмани во Палермо, Асколи и Удинезе, доколку трансферот се реализира. Пескара е во потрага по класичен напаѓач со цел да ја подобри ефикасноста во нападот, имајќи предвид дека досега постигна само 27 голови во 22 натпревари, јасно е зошто го сакаат македонскиот фудбалер.
Претседателот на клубот, Даниеле Себастијани, потврди дека трансфер-периодот сè уште не е завршен.
„Ќе пристигнат уште играчи“, изјавил првиот човек на клубот.










