ЕХФ му дава поглема шанса на ППД Загреб, Вардар го нема никаде!

384

Пред стартот на новата сезона во Лигата на шампиони, ЕХФ го направи традиционалниот ранкинг на тимови со најголеми шанси да се најдат на фајнл-фор завршница.

Топ 10 листата на европската куќа на ракометот изгледа помалку чудно. На истата се најде ППД Загреб и тоа на последното место. Причината за ваквиот потег на ЕХФ е настапот на хрватскиот тим на Ф4 во СЕХА-лига. Избраниците на поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван во полуфиналето го совладаа Мешков Брест, додека против Веспрем во финалето беа рамноправен противник.

Во објаснувањето исто така стои уште една причина, ППД Загреб го победи Вардар на домашен терен во четвртфиналето. Се чини експертите на ЕХФ заборавија дека македонскиот првак беше подобар на првата средба.

Како и да е. На првото место се најде Кил, по што следат Веспрем, Барселона, Келце, ПСЖ, Алборг, Пик Сегед, Мотор, Монпелје и ППД Загреб.  

Новата сезона стартува на 15. овој месец, останува да видиме дали ова е вистинската Топ 10 листа или пак ЕХФ ќе се предомисли.

ПретходноКуман јавно го критикуваше Лапорта
СледноЕуроникел Индустри – спонзор на ФК Тиквеш и РК Тиквеш