Вардар, не по своја вина, го продолжи престојот во Турција!

593

Експедицијата на Вардар се соочува со проблеми, па затоа, не по своја вина, ќе мора да го продолжи престојот во Турција. Имено наместо вечерва вардарци да се вратат во Скопје од подготовките во Анталија, тоа ќе се случи утре.

Како што велат информациите од таборот на есенскиот првак, авионот со кој летале од Анталија до Истанбул доцнел, па затоа е пропуштен авионот од Истанбул до Скопје. Токму затоа играчите, стручниот штаб и дел од раководството на клубот ќе мора вечерва да преноќат во градот на Босфорот и утре да се вратат во Скопје.

Инаку Вардар на 7 февруари ќе ја има “генералката“ против Осогово во Кочани, меч кој ќе биде и од хуманитарен карактер во пресрет на стартот на пролетниот дел во кој составот на Гоце Седлоски ќе атакува на титулата.

Првиот меч Вардар го игра против Арсими на 11 февруари и тоа на ФФМ.

ПретходноПротивникот на Шкендија во ЛК се засилува со некогашна мега – ѕвезда во ПЛ?!
СледноЛапорта: “Флик ќе биде тренер на Барселона додека сака тој!“