КК Работнички: Нашиот клуб е во 100% сопственост на Општина Центар, без истата помош нема да постоиме

569

Работнички излезе со соопштение по повод одредени напади врз клубот од страна на граѓанска иницијатива. Најтрофејниот кошаркарски колектив е сопственост на Општина Центар, без помошта од истиот субјект од Работнички велат дека тешко ќе функционираат.

„Кошаркарскиот клуб Работнички е во 100% сопственост на Општина Центар и затоа најголемата поддршка за развој на клубот но, пред се на младите генерации е должност на самата општина. Освен со финансиски средства Општина Центар го помага најтрофејниот и најстариот кошаркарски бренд и со просторни услови. Обезбедување на средатва и просторни услови е се со цел да се заокружи целиот процес од најмалите генерации до првиот тим кој е гордост на општината, Градот Скопје и македонскиот спорт воопшто. Без оваа помош Работнички воопшто не би функционирал а можно е и да не постои. Ако некој смета дека треба да му се ускратат правата на Кошаркарскиот клуб Работнички од неговиот основач нека го каже тоа јавно но, и воедно нека понуди алтернатива како ќе опстои и функционира најтрофејниот бренд во македонската кошарка или пак имаат за цел КК Работнички воопшто да не постои“, се вели во известувањето на Работнички. 

ПретходноЕуроникел Индустри – спонзор на ФК Тиквеш и РК Тиквеш
СледноСудии за Куп: Качевски ќе им суди на Победа и Вардар