„За Игрите во ЛА ако треба ќе направам тест и ќе докажам дека сум жена“

67
фото: Le Parisien (X)

Алжирската олимписка шампионка во бокс, Имане Келиф, која често беше мета на сомнежи и обвинувања за нејзиниот пол, откри дека користела хормонска терапија за намалување на тестостеронот пред Олимписките игри во Париз во 2024 година, но јасно стави до знаење дека не е трансродова личност.

„Имам женски хормони. Луѓето не го знаат ова, но земав хормонски третмани за да ги намалам нивоата на тестостерон за натпреварите“, рече 26-годишниата Келиф во интервју за „Л’Екип“.

Таа, исто така, потврди дека го има генот SRY, кој се наоѓа на Y хромозомот и е поврзан со машки карактеристики. „Да, и тоа е природно“, појасни таа.

Келиф додаде дека била под надзор на лекари во текот на целиот процес:

Алжирката има намера да се натпреварува и на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес, за што ќе и биде потребен генетски тест од страна на World Boxing, тело признато од МОК. Келиф е подготвена и за тоа.

„Доколку е потребно за следните Игри, ќе се подложам на тест. Немам проблем со тоа. Веќе го направив тој тест. Го испратив мојот медицински картон, хормонските тестови, сè до World Boxing. Но, не добив одговор. Не се кријам и не одбивам тестови“, рече Келиф.

ПретходноМонако го исфрли Погба од составот на Лигата на шампионите
СледноМладите кошаркари ги добија противниците за претстојните европски првенства