Фудбалерите на Тиквеш го загубија последниот пријателски меч пред стартот на втората полуетапа од домашното првенство. Денеска на пријателски меч одигран во Скопје против второлигашот Тетекс, кавадарчани беа поразени со 4:2 (2:1).
Ова беше воедно последната проверка на силите на кавадаречкиот прволигаш пред првиот натпревар од пролетната сезона против екипата на Шкупи.










