Денот кога Данска ја прегазивме во Скопје (ВИДЕО)

272

Поминаа точно 13 години од денот, натпреварот и рапсодијата на нашата фудбалска репрезентација од тој 6 февруари 2013 година кога во Скопје со 3:0 во фантастичен меч ја прегазивме селекцијата на Данска.

Пандев, Ибраими и Новески во првите 24 минути ја тресеа мрежата на тогашниот дебитант на голот на Данска, Каспер Шмајхел. Истиот голман кој таа скопска февруарска ноќ цел живот ќе ја памети и сигурно му претставува актуелен кошмар во животот а во пресрет на 26 март оваа година.

За неполни 50 дена Македонија и Данска играат нов меч, нова пресметка но сега во бараж за пласман на СП. Сега пресметката е на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Ние денеска ги потсетуваме данците како минаа на последната наша „дружба“ во Скопје а како најава за она што не очекува идниот месец.

ПретходноЗаработи 480.000 долари на Австралија Опен, па го оствари животниот сон!
СледноСаудиската лига упати остро предупредување до незадоволниот Кристијано Роналдо