Фудбалерите на Струга ТЛ денеска во Охрид на СРЦ “Билјанини Извори“ одиграа 1:1 кај второлигашот Охрид. Ова беше последен меч на составот на стратегот Бледи Шкемби пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Стружани по првото полувреме со голот на Радески имаа водство од 0:1, но во продолжение есенскиот првак во ВМФЛ, успеа да израмни на 1:1.
Како што веќе напоменавме, ова за Струга ТЛ беше “генералка“ пред дуелот со Шкендија во Тетово (10.02.2026) во рамките на првото пролетно коло.
Да потсетиме дека Струга ТЛ во пролетната полусезона влегува со најголеми амбиции, ако се знае дека во пресрет на стартот има само -1 бод во однос на лидерот Вардар.















