Фудбалерите на Вардар се во завршна фаза од тековните подготовки. Веќе во среда на ФФМ, со почеток од 13 часот против составот на Арсими, есенскиот првак ќе го стартува својот поход кон титулата, да го врати шампионскиот пехар во своите витрини по шест години, како и да го задржи пехарот во Купот на Македонија.
Од она што можеше да се види на денешниот тренинг, атмосферата во таборот на Вардар е добра, работна, а штом стратегот Гоце Седлоски е насмеан секако дека тоа е добар знак дека неговата екипа е спремна за пролетнаната битка.
Го нема Мато Роџерс, кој се пресели во Хартс, но затоа тука се повратниците Бобан Николов и Дарко Велковски, како и новите имиња Стефан Цветковиќ, Хоакин Торес и Иан Пулеио.





















