Шуберт се враќа во Силекс!

229

По пауза од шест месеци, се чини дека за Силекс одново во одбраната ќе настапува искусниот Иван Шуберт (32). Да потсетиме дека српскиот дефанзивец го носеше дресот на кратовци од 2023 до 2025, едно време беше и капитен на тимот. Минатото лето си замина во Србија, во тимот на Напредак ама по само шест месеци се раздели од клубот од Крушевац.

Преговорите за враќање во Силекс се готови, останува само уште промоцијата.

Како што е познато, во овој зимски преоден рок кој заврши пред неколку дена, Силекс се засили и со Александар Мишов (Тиквеш), Мирза Делимеѓац (Јединство Уб) и Михаил Димитриевски (Работнички).

Кратовци во пролетниот дел влегуваат од 4.место на табелата со 31 бод, единаесет помалку од лидерот Вардар. Првиот меч од стартното пролетно коло го играат дома со Башкими во среда.

ПретходноКаков пресврт: Бостон со -22 до победа против Мајами!
СледноРашфорд нема да се врати во Јунајтед, кој пак нема да прави компромиси околу цената!