37-годишниот автрслиски репрезентативец Пати Милс, кој играше 16 сезони во НБА лигата, може да облече дрес на некој од клубовите во Евролигата. Милс во тековната сезона е дел од ЛА Клуперс, но има слаба минутажа со просек од 3,1 поен за 5,1 минути по натпревар за Клиперси.
Шампионот во НБА од 2014 година добил понуди од неколку клубови од Евролигата и сериозно размислува за преселба во Европа. Според правилата тој има рок до 25 февруари да одлучи дали ќе се пресели во некој од годинешните состави во најсилната европска кошаркарска конкуренција.










