Стоичков е импресиониран од оваа Барселона на Ханси Флик!

78
ФОТО: FC Barselona/FB

Легендарниот Христо Стоичков изрази целосна поддршка за работата на Ханси Флик во Барселона, пофалувајќи го офанзивниот стил, дисциплината и менталитетот што ги наметнува германскиот тренер и изрази увереност дека Каталонците се на почетокот на нов успешен циклус, способни да донесат многу трофеи.

Тој даде интервју во емисијата „Què t’hi jugues!“.

Не би променил ништо во врска со моето време. Уживав во секој момент, а сега го правам тоа како навивач. Среќен сум за младите момци од школата. Ханси одлично ја врши работата“, коментираше поранешниот играч на Барселона на тема дали би бил стартер во сегашниот тим.

Стоичков е импресиониран од офанзивната филозофија на германскиот тренер – со висок пресинг и постојано стремеж кон голови. Затоа, со веќе поутврден стил на игра во споредба со првата сезона на Флик во Барселона, бугарската легенда верува дека „нè очекува нов циклус од четири, пет или дури шест години со добри вести“, сè додека работите одат според планот. Кога го прашале дали гледа нов „Христос“ во сегашниот состав, Стоичков претпочита да не прави споредби и едноставно да ужива во играта: „Проблемот е што секогаш се споредува, а мене тоа никогаш не ми се допаднало. Секој си ја работи својата работа и тренира како што треба за да игра за време на викендот“, рече тој. Стоичков, сепак, го нагласува како голем плус фактот што Флик не прави компромиси и е верен на своите принципи:

Ако тренирате добро во текот на неделата, ќе играте. Ханси е многу дисциплиниран и одржува ред“, забележа поранешниот број 8. Според него, најважно е чувството на одговорност кон амблемот на клубот:

Секој треба да се чувствува одговорен кога го носи овој дрес. Кога излегувате на теренот, без оглед на тоа дали победувате или губите, мора да дадете сè од себе“, додаде Стоичков.

ПретходноМбапе и Карерас херои на Реал, Столе не успеа да им одолее на „кралевите“