Челниците на француската Лига 1 донесоа одлука да го повторат мечот Ница и Марсејно тој ќе се одигра на неутрален терен. Освен тоа на Ница нема да и биде вратен одземениот бод, наредните три меча на домашен терен ќе ги одигра зад затворени врати, плус ќе биде под мониторинг доколку се повторат навивачките нереди клубот ќе биде казнет со уште еден бод и ново затворање.
Да се потсетиме мечот меѓу Ница и Марсеј на „Алијанц ривиера“ се претвори во општа мешаница. Навивачите на домашниот тим го гаѓаа со шише Димитри Паје, а напаѓачот на Марсеј го зема шишето и го фрли назад кон навивачите. Тоа беше повод да настане тепачка. Навивачите влегоа на теренот и се степаа. Помошникот на Сампаоли (тренер на Марсеј), Пабло Фернандез поради удирање на навивач на Ница е суспендиран до крајот на сезоната.
Паје и неговиот соиграл Алваро Гонзалез ќе паузираат два натпревари.