Македонската Дејвис репрезентација не успеа да дојде до победа против Кипар. После негатива од 0:2 по првиот ден од двата сингл меча во Втората Светска група од Дејвис купот, домаќинот дојде до триумф во двојки.
Нашите тенисери Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ беа поразени од Мелиос Ефстатиу и Елефтериос Неос со 2-0. Противникот првиот сет го доби со 6-2, додека во вториот беше подобар со 7-5.
Кипар води со 3-0 во пресметките со Македонија, по завршувањето на мечот во двојки, следуваат другите два сингл меча.










