Мартин Томовски продолжи со добрите партии!

233
Фото: SG BBM Bietigheim

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски продолжи со добрите партии во дресот на својот тим. Битигхајм дојде до важна победа против Елбфлоренц со 31-27, прва во 2026 година.

И овој пат Томовски беше клучен во оваа битка за врвот на табелата, во самиот финиш при 27-25 не му дозволи на противникот да се закани и да дојде до еден гол негатива. На крајот зад своето име запиша седум одбрани, односно 41% успешност.

Битигхајм има 30 бодови и се наоѓа на лидерската позиција во Втората Бундес-лига, зад него е Елбфлоренц со 28.

ПретходноДевет поени и нова победа за Јакимовски
СледноШок-натпревар на „Енфилд“: Сити ги однесе бодовите со неверојатен пресврт (ВИДЕО)