ТФТ речиси три месеци е без пораз, без проблем го освои Маџари (ФОТО)

72

ТФТ продолжи во ист ритам. Тимот од Тафаталиџе дојде до осмата победа во низа во Супер-лигата, откако на гостувањето кај Маџари славеше со 90-111 во меч од 15. коло.

Избраниците на Боро Смилевски немаат пораз во домашниот шампионат од почетокот од ноември кога беа совладани од МЗТ Скопје, оттогаш се минати речиси три месеци.

Дебитантот во прволигашкото друштво имаше сили само за едно полувреме, водеше со 52-47 после 20. минути игра. Во продолжение ТФТ одигра одлично во третиот период добивајќи го со 19-29, а печат на победата стави во последната четвртина во која исто така доминираше.

Дејвис имаше 21 поени кај победникот, зад него беше Ташовски со 20 поени и 6 асистенции, додека пак 19 поени имаше Говенс. На другата страна Амстронг беше стрелец на 26 поени.

За ТФТ ова е 14-та победа, има и еден пораз, додека пак за Маџари ова е осми пораз, има седум победи.

ПретходноИнтер се „прошета“ кај Сасуоло за нови три бода во Серија А
СледноСушево му откина еден бод на шампионот, дербито утре во Скопје