Јокиќ ита кон рекордот, трет трипл-дабл во низа за Србинот (ВИДЕО)

542

Никола Јокиќ оствари трипл-дабл во трет натпревар по ред. Во домашниот пораз на Денвер од Кливленд со 117:119, за 33 минути постигна 22 поени (шут од игра 6/11), со 14 скокови и 11 асистенции. Јокиќ така експресно се движи кон тоа да стане играч со најмногу трипл-даблови во историјата на НБА лигата. Ова му е 183-ти ваков учинок во кариерата.

Со тоа се издвои на второто место на листата на играчи со најмногу трипл-дабл учиноци во историјата на НБА. Минатата недела го престигна Оскар Робертсон, еден од најголемите кошаркари на сите времиња. Пред Јокиќ во оваа многу престижна категорија сега е само Расел Вестбрук со 207 трипл-даблови.

Вестбрук сè уште е активен, но веќе некое време не е толку доминантен како порано. Покрај тоа, 37-годишниот ветеран е шест години постар од Јокиќ, па изгледа реално дека Јокиќ наскоро ќе го престигне и него и ќе стане кошаркар со најмногу трипл-даблови.

Покрај Јокиќ, кај домаќините се истакнаа Џулијан Стротер и Кристијан Браун со по 20 поени, како и Џамал Мареј.

Донован Мичел постигна 32 поени (11/23 шут од поле), од кои два беа клучни од слободни фрлања за конечната победа. Тој додаде 10 асистенции. Го следеше Џејмс Харден со 22 поени (7/16 шут од поле), 10 скока и седум асистенции.

Резултати:

Шарлот – Детроит 104:110
Бруклин – Чикаго 123:116
Мајами – Јута 111:115
Орландо – Милвоки 118:99
Минесота – Атланта 138:116
Њу Орлеанс – Сакраменто 120:94
Денвер – Кливленд 117:119
Голден Стејт – Мемфис 114:113
ЛА Лејкерс – Оклахома 110:119
Портланд – Филаделфија 135:118

 

ПретходноЖестока тепачка во НБА – полиција мораше да влезе на терен (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Вардар атакува на 12-тата “ѕвездичка“! Можат ли Струга ТЛ и Шкендија да му ги “замрсат“ сметките?!