Србите сонуваат за „чудото Вардар“, Раул Гозналес на клупата на Партизан

787

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар 1961, Раул Гонзалес е нов тренер на РК Партизан. Оваа информација ја потврди и самиот тим, кој верува дека шпанскиот тренер може да направи голем успех, нешто како по теркот на Вардар 1961, кога во 2017 година ја освои првата титула во Лигата на шампиони.

Раул во овој момент е селектор на Србија, на престојното Европско првенство не успеа да обезбеди пласман во глвната рунда, иако вратите на оваа репрезентација беа широко отворени.

Партизан е нешто слично на Алкалоид, кој одлучи да вложува во иднината на македонскиот репрезентативен ракомет и да работи со домашни играчи.

„Проектот на Партизан треба да обедини и неколку репрезентативци, од што на крајот би профитирала и репрезентацијата на Србија“, е главна цел на Партизан. 

ПретходноЛиста на стрелци: Ги нема Мато и Шефити, но тука се Компаоре, Мирчевски, Омерагиќ, Ндзенгуе…
СледноСупер-лигата во забрзано темпо!