Горецка продолжи со Баерн до 2026 година и доби поголема плата

115

Германскиот фудбалер Леон Горецка го продолжи договорот со Баерн до 2026 година. Неговиот договор истекуваше на крајот на сезоната, а по повеќемесечни преговори фудбалерот одлучи да остане во Минхен.

Договорено е Горецка да добие повисока плата и ќе заработува 15 милиони евра на годишно ниво. Инаку тој во Баерн дојде пред три години од редовите на Шалке. Од тогаш па до сега постигна 25 гола и запиша 27 асистенции во 117 натпревари.

Во текот на летото се шпекулираше за негово заминување, меѓутоа Горецка не помисли на друг клуб се додека не завршат преговорите со „Баварците“.

 

ПретходноУЕФА го забрани дресот на Ајакс, тој мора да се преработи
СледноФаустин Сенгор: Ова е вистинско дерби, Шкупи оди по трите бода!