Американската скијачка Линдзи Вон се огласи на социјалните мрежи по третата операција на коленото по ужасниот пад по спуст на ЗОИ. Линдзи Вон беше една од главните ѕвезди на Игрите во Кортина д’Ампецо, сите нетрпеливо го очекуваа нејзиниот настап, но заврши трагично. Сепак, настапот заврши со тежок пад.
Американката веднаш беше префрлена во болница каде што беше оперирана, по што следеше и втора, а денеска таа беше оперирана по третпат.
По операцијата се огласи на социјалните мрежи:
“Денес ја имав третата операција и беше успешна. Успехот денес има сосема поинакво значење отколку што имаше пред неколку дена. Напредувам и иако е бавно, знам дека ќе бидам добро. Благодарна сум на сите неверојатни медицински професионалци, пријатели, семејство кои беа тука за мене и на прекрасниот излив на љубов и поддршка од луѓе од целиот свет. Исто така, големи честитки до моите соиграчи и сите спортисти од Националниот тим на САД кои ме инспирираат и ми даваат нешто за кое да навивам“ напиша Линдзи Вон.










