Пелистер е „гладен“ за старт со три бода

84

Битолскиот прволигаш имаше Пелистер „црна серија“ од 77 дена без победа во есенската полусезона, па и покрај добриот старт беше принуден да игра со главна цел да обезбеди опстанок во лигата.

Во текот на зимските подготовки, „зелените“ се засилија со неколку нови фудбалери, а исто така одиграа и неколку подготвителни средби за време на периодот што го минаа во Анталија (Спартак Суботица, Борац Бања Лука, Пакхатор Узбекистан и Навбахор од Узбекистан).

“Времето не ни беше наклонето, но сепак игравме четири средби со квалитетни противници. Намерно не сакав да играме со послаби, туку со посилни, при што во првиот дел ги испробувавме играчите на кои сметаме во пролетниот период, а во вториот дел им дававме шанса на помладите. Сите играа, добија шанса, горе доле имаа еднаква минутажа, од што заклучив дека физички се во подобра состојба. Не сакам да зборувам за резултати, за грешки, некои од нив се млади и можеби прв пат работат со ова темпо. Дури кога се вративме во Македонија одигравме полесни средби, како за тренинг со екипи од овдешните пониски рангови, како Новаци и Преспа”, вели тренерот Стојаноски.

Во 17. коло од ПМФЛ битолчани го дочекуваат Работнички, клуб кој имаше тешка есенска полусезона, па не сакаат да дозволат нивниот план за опстанок во лигата да биде доведен во прашање.

“Момците се подготвени, добро работат и немаме повредени играчи. Четири играчи си заминаа од клубот, но ангажиравме петмина нови, а меѓу нив Кире Ристевски како стопер. Немаше многу понуда на фудбалскиот пазар, па моравме да внимаваме и да инсистираме за играчи како центарфор и лев бек, плус двајца играчи за врска. Разговарав со играчите и повторив дека мора да ја посакуваат победата повеќе отколку противникот, бидејќи во есенскиот дел во многу натпревари бевме фаворити, но поради серија на околности како повреди, лоши терени, лесно се прават грешки. Сакаме добар почеток со победа, која е мошне битна и од психолошка гледна точка”, заврши Милан Стојаноски.

Работнички беше доминантен во последните години од меѓусебните дуели, па Пелистер освен неколку нерешени исходи, на последната победа против скопскиот клуб се радувал пред осум години (во февруари 2018 година – 3:2).

Натпреварот во Битола се игра од 14 часот, а Пелистер влегува во мечот како пласиран на 9 место со 16 бода, додека Работнички е на претпоследната единаесетта позиција со само 7 бода.

ПретходноРајковиќ повеќе не е тренер на турски Тофаш
СледноКумановo како домаќин ќе атакува на купот, Пелистер ветува борба до последната секунда