Тудор на клупата на Тотенхем!

86
ФОТО: Инстаграм

Бомба“ на Островот. Хрватот Игор Тудор ќе стане нов менаџер на Тотенхем. Сите најдоверливи експерти за трансфери, вклучувајќи ги Фабрицио Романо, Давид Орнштајн и Џанлука Ди Марци, потврдија дека Тудор ја прифатил понудата на Тотенхем да стане нов менаџер до крајот на сезоната.
Романо објави дека планот на Тотенхем е да го вработи Тудор како привремен менаџер до крајот на сезоната и да доведе нов менаџер на лето, а Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се фаворити за позицијата. Подоцна, Романо конечно го потврди доаѓањето на Тудор во Тотенхем.
Аласдер Голд, новинар специјализиран за Тотенхем, ја објасни одлуката: „Спарс се уверени дека до понеделник ќе имаат искусен привремен менаџер кој ќе има непосредно влијание, пред да назначат нов менаџер на лето. Привремениот менаџер ќе има можност да се бори за траен договор во наредните месеци.“

ПретходноНадал смета дека Новак не може да дојде до 25-тиот гренслем трофеј: “Готово е, имаше шанса во Мелбурн!“
Следно“Марка“ за Муринен: “Целосно фијаско!“