Фудбалерите на Рен го победија Пари Сен Жермен на „Роасон Парк“ со 3:1 во натпреварот од 22-то коло од Лига 1 и направија вистинска мешаница на врвот на табелата.
Без Жереми Жак и Пжемислав Франковски, Рен го пречека шампионот на Франција и Европа и покажа колку вреди. Без преценување на ривалот, домашните успеаја комплетно да го надиграат ѕвездениот гостински состав.
Тамари во 34-тата минута го отвори резултатот за 1:0 за домашните, а во вториот дел Лепол во 69-тата минута зголеми и на 2:0.
Надеж за домашните даде Дембеле со голот за 2:1 во 72-та минута, по што следуваше голот на Емболо во 81-та минута за конечни 3:1.
Овој триумф најмногу му оди во прилог на Ленс, кој може да ја преземе лидерската позиција на крајот од ова коло ако го добие Париз на гостински терен.










