Познато е дека вчера во Куманово, на мечот од 1/4 финалето во Купот на Македонија, меѓу МКК Куманово и Пелистер имаше и тоа како тензии, имаше и инцидент на трибините. Токму затоа на овој меч имаше и прекин па мораше да реагира и полицијата.
Па така по се тоа што се случи во Куманово, МВР излезе со свое соопштение во кое се вели дека бил приведен навивач на Пелистер:
„ На 13.02.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Д.(20) од Битола затоа што на кошаркарски натпревар во спортската сала Куманово прескокнал ограда и се обидел да нападнал лице од публиката, но бил спречен“, информираат од МВР.










