КК Куманово: Жалиме што Пелистер има погрешен впечаток!

185

Екипата на Куманово денеска пред финалето, а три дена после четвртфиналниот натпревар против Пелистер се огласи во јавноста. Организаторот на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ вели дека никогаш немале лошо намерни кон Пелистер, ниту кон нивните фанови, напротив секогаш ја почитувале нивната спортска традиција. Куманово се оградува од инцидентот во салата при обидот да влезат „Чкембари“ потенцирајќи дека во нивниот дом секогаш има место за сите фанови и истите не треба да се плашат за нивната безбедност.

 

Инаку вечерва Куманово ќе игра финале во Купот на Македонија, за противник го има бранителот на трофејот, МЗТ Скопје, мечот стартува во 19 часот.

ПретходноПолувреме: Радески за водство на Струга ТЛ во дербито!
СледноЦената е од 500 до 2.000 денари:Шкендија утре ги пушта во продажба билетите за мечот со Самсуснспор!