Испиша историја: Норвежанецот е најдобриот олимпиец на Зимските олимписки игри!

114
фото: Milano Cortina 2026 @milanocortina26 (X)

Норвешкиот крос-кантри скијач Јоханес Хефслот Клебо сега и официјално е најдобриот олимпиец кој се натпреварувал на Зимските олимписки игри!

Клебо и неговите сонародници Емил Инверсен, Мартин Нигет, Еинар Хедегарт победија во машката штафета 4х7,5 километри во Милано – Кортина. Норвешка се врати на олимпискиот врв во штафетата на крос-кантри скијање откако фаворитите лесно го освоија првото место на патеката Тесеро.

Скандинавците ја поминаа дистанцата за 1:04:24,5 часа и ја освоија штафетата со 22,2 секунди предност против нивниот главен ривал за златото, Франција, додека трет, со 47,9 секунди заостанување, беше италијанскиот штафетен тим составен од Давиде Грац, Елија Барп, Мартино Каполо и Федерико Пелегрино.

Ова беше 11-то злато за Норвешка на Милано-Кортина 2026, а Јоханес Клебо, од друга страна, го оствари својот сон за 9-ти златен медал на Олимписките игри и сега е сам на првото место, надминувајќи ги своите сонародници Бјорн Дели, Марит Бјорген и Оле Ејнар Бјорндален, кои имаат по 8 олимписки титули.

ПретходноИ велешани минаа од редот: Штип УГД се зацврстува на врвот
СледноАрсенал за едно полувреме си го обезбеди осминафиналето во ФА Купот