Директорот на Јуве до првиот човек на италијанскиот фудбал: Решете го проблемот со очајното судење!

171
фото: JuveFC @juvefcdotcom (X)

Џон Елкан, извршниот директор на Јувентус, го повика претседателот на ФИГЦ, Габриел Гравина, по натпреварот против Интер сериозно да ги преиспита судиските одлуки кои се донесуваат на вака важни натпревари во Серија А.

Вчера, Јувентус загуби од Интер во 25-то коло од Серија А, а во 42-та минута, судијата Федерико Ла Пења го исклучи од игра дефанзивецот на Јуве, Пјер Калула, покажувајќи му втор жолт картон откако дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, симулираше прекршок.

Шефот на судиите во Серија А, Џанлука Роки, подоцна ја призна грешката на Ла Пења и се извини.

Како што објави „Калчо е Финанца“, повикувајќи се на АНСА, во разговор со првиот човек на Италијанската фудбалска федерација по натпреварот, Елкан изразил разочарување од „бројните и повторувани судиски грешки“ и повикал на ефикасни решенија насочени кон подобрување на системот и гарантирање на фер игра и доверба во италијанскиот фудбал.

ПретходноДоминација без конкуренција – МЗТ Скопје!
СледноЕкс-фудбалер на Ливерпул оди на суд