Милан без Ибрахимовиќ на „Енфилд“

90

Хендикеп за тимот на Милан пред утрешното гостување кај Ливерпул на „Енфилд“.

Италијанскиот тим на ова гостување оди без Златан Ибрахимовиќ, кој што се жали на повреда, па „росонерите“ нема да ризикуваат.

Ибрахимовиќ, кој следниот месец полни 40 години, беше стрелец на гол против Лацио во меч одигран завчера, но после тој дуел се пожалил на повреда, па тренерот Стефано Пиоли нема да смета на него за епскиот меч со „црвените“.

ПретходноПрв отказ во Серија „А“ – Верона остана без тренер
СледноМладинскиот селектор на Германија, седнува на сениорската клупа на Турција