ПМФЛ: Очекувана и лесна победа на “лавовите“ во скопската пресметка

160

Македонија ЃП – Шкупи 3:0 е исходот од попладневниот меч од 18.коло кој се одигра во Ѓорче Петров. Стрелци беа Хамзиќ, Гереро, посебно убав беше оној на Софијановски. Очекувана, лесна и убедлива победа на ссоставот на стратегот Боби Божиновски, на кого ова му е прва победа како тренер на “лавовите“.

Ова беше натпревар, од познати причини, на кој одапред се знае победникот, прашање беше само со каква разлика во корист на “лавовите“ ќе слават против младинскиот состав на тимот од Чаир.

Интересно, првата закана ја имаа гостите преку Нуредин, ама тоа беше лесна топка за голманот Јанков во таа 8.минута.

Само две минути подоцна Хамзиќ на другата страна убаво се снајде оред голот на гостите и стрелаше за 1:0.

Се редеа акциите пред гостинскиот гол а Гереро во 20.минута со убав лоб удар зголемува на 2:0.

Посебно треба да се одбележи 29.минута кога Софијановски со удар од 18 метри постигна прекрасен гол за 3:0.

По тој гол “лавовите“ како малку да го намалија ритамот, иако Адем имаше убава шанса за 4:0, како и онаа на Хамзиќ во 60.минута.

Интересно беше кога Еступињан стрелаше за 4:0, но беше поништен поради офсајд, на ВАР му беа потребни цели четири минути да го поништи голот.

Со овие три бода, Македонија ЃП сега има 19 бодови и се наоѓа на 9.место, иако Пелистер кој има исто 19 бодови и е десетти утре го игра својот меч од ова 18.коло.

ПретходноНеверојатно: „Ако треба и да му ја скршите ногата на Нејмар!“(ВИДЕО)
СледноЛеброн Џејмс: „Не знам дали ќе играм следната сезона!“