Сега и официјално: Противникот на Шкендија во ЛК го претстави својот нов тренер! (ФОТО)

132
ФОТО:facebook.com/samsunspor/

Како што и се најавуваше, еве денеска и официјална потврда. Противникот на Шкендија во нокаут – фазата во Лигата на Конференции, тимот на Самсунспор има нов тренер, а тоа е некогаш познатиот фудбалер Торстен Финк (58), кој долги години беше дел и од славниот Баерн Минхен.

Откако Томас Рајс доби отказ, раководството на Самсунспор веднаш реагираше и за нов тренер назначи исто така Германец, но овојпат една позната фудбалска “фаца“.

Сега веќе јасно е дека турскиот тим во Скопје на првиот меч од оваа фаза во ЛК ќе дојде со Финк како стратег. Да потсетиме дека средбата се игра во четврток (19.02.2026) со почеток од 21 часот, на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, а реваншот на 26 февруари во Турција.

Инаку Финк како тренер досега има работено во Инглштад, Базел, Хамбургер, Апоел, Австрија Виена, Грасхоперс, Рига, Ал Наср, Сент Труден, Генк и сега во Самсунспор.

ПретходноНајтрофејниот урива рекорди: Вардар една година е без пораз на домашна сцена!
СледноРаботилница на одделот за безбедност и интегритет: Јасна борба против навреди и местење натпревари