„Кога Клоп замина од Ливерпул, Челзи и Манчестер Ј. веднаш почнаа да се јавуваат“

83

Агентот на Јирген Клоп, Марк Косицке, откри кои клубови му се јавувале на Германецот откако реши да си замине од Ливерпул. Клоп ја напушти функцијата менаџер на Ливерпул во летото 2024 година, а сега ја држи позицијата глобален шеф на фудбалскиот сектор во Ред Бул.

„Пред да се приклучи во Ред Бул, Јирген можеше да ги тренира националните тимови на САД или Англија. Можеби дури и Германија, доколку Јулијан Нагелсман не беше таму. Дури и Челзи и Манчестер Јунајтед се распрашуваа, иако Јирген јасно изјави дека нема да тренира ниту еден друг клуб во Англија“, рече Косицке.

На прашањето дали Клоп размислува да биде повторно тренер, неговиот менаџаер вели:

„Можеби еден ден повторно ќе каже дека треба повторно да ја помириса соблекувалната. Но, засега, како што реков, тој е многу, многу среќен со својата улога.“

ПретходноМејард го освои златото во слалом, бесниот Ли Мекграт ги фрли скиите и избега во шума!? (ВИДЕО)
СледноСмртни закани за судијата на мечот Интер – Јуве, полицијата отвори истрага