Во четврток Шкендија испишува своја историја, но и историја на мак – фудбалот. Имено за првпат некој наш тим ќе игра пролетен меч во Европа. Познато е дека нашиот шампион во четврток со почеток од 21 часот, во првиот меч од нокаут – фазата во плеј – офот во Лигата на Конференции, на Арената во Скопје ќе ги одмери силите со турскиот Самсунспор. Јасно е дека четата на стратегот Јетон Беќири очекува голема поддршка од трибините за овој историски меч, но поддршка ќе има и турскиот состав.
Како што сме информирани, најавено е доаѓање на околу 1.000 фанови на Самсунспор во Скопје кои ќе навиваат од трибините за својот тим. Имено досега од 1.600 билети колку што им следуваат на гостите, околу 1.000 веќе се продадени.
Јасно е дека во четвтрток на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје ќе следиме голем фудбалски настан.
Инаку на своите социјални мрежи медија – тимот на Самсунспор на интересен начин го претстави Скопје, градот во кој ќе играат против нашиот шампион, Шкендија.










