ЛК: Шкендија VS Самсунспор – меч за нов спектакл и фудбалско уживање!

112
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

Вечерва Шкендија уште еднаш испишува историја. Вечерва од 21 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, нашиот шампион во првиот меч од нокаут – фазата во Лигата на Конференции, го дочекува Самсунспор, еден од најсилните турски тимови. Вечерва тетовските “црвено – црни“ го играат својот 15-ти меч во Европа оваа сезона и за првпат, кога станува збор за некој наш клуб, ќе играат пролетен меч во едно европско клупско натпреварување.

Пред вечерашниот дуел голем дел од работите се познати. Имено победникот од овој двомеч во 1/8 финалето игра со Рајо Ваљекано или Шахтјар Доњецк. Торстен Финк ќе го има своето деби на клупата на Самсунспор, фаворит е гостинот а стратегот на тетовци Јетон Беќири, поради картони нема да може да смета на Александер Трумчи и Лиридон Љатифи, се разбира дека ќе го нема и Клисман Цаке кој оваа зима направи трансфер во Русија.

Сепак и оваа Шкендија, засилена со Фахд Ндзенгуе и Дрилон Ислами, како и повратникот по повредата Ване Крстевски, е доволно моќна, доволно силна да дојде до победа, да обезбеди каква-таква предност пред реваншот за седум дена во Самсун.

Колку за потсетување, вечерва Шкендија го игра својот осми меч како домаќин оваа сезона во Европа и има биланс од пет победи, едно реми и еден пораз. Значи Шкендија игра добро и тоа како добро пред своите фанови.

Јасно е дека Самсунспор е еден од најквалитетните тимови во ЛК, моќен тим е тоа, но и тим кој денеска од клупата за првпат ќе го предводи Торстен Финк. Веројатно тоа е големата шанса за Шкендија. Германецот сигурно не го знае целиот потенцијал на својот а не пак што може еден таков противник како што е Шкендија.

Значи време е за нов спектакуларен меч на Арената, за ново фудбалско уживање што би рекол тренерот на нашиот шампион Јетон Беќири и секако за голема битка, па и за нова победа на македонскиот шампион.

Зошто да не?

Вечерашниот натпревар е закажан за 21 часот а ќе го суди Норвежанецот Рохит Саги.

ПретходноСилна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии!
СледноСедум дена ракомет: повеќе тренинг, повеќе дружење и насмевки – 5-то издание „40х20“