Карлос Алкараз ги загуби нервите, бесен како никогаш до сега (ВИДЕО)

512

Карлос Алкараз се смета за тенисер кој ретко дозволува емоциите да го надвладеат, но за време на четвртфиналето на турнирот во Доха против Карен Качанов, тој покажа сосема поинаква страна.

Во центарот на расправијата, покрај младиот Шпанец, беше и еден од најпочитуваните судии Марија Чичак. Чичак го стартуваше часовникот за сервис, накратко го запре додека Алкараз го славеше поенот, но го вклучи повторно кога Шпанецот отиде да земе пешкир. Неколку изгубени секунди доведоа до предупредување за пречекорување на времето.

Алкараз сметаше дека не му е дадено доволно време да здивне, тврдејќи дека часовникот е активиран прерано.

– Не можам да го надоместам времето – мирно одговори Чичак, обидувајќи се да ја смири тензијата.

Сепак, тоа не го смири „Карлитос“. Откако отиде на клупата, камерите ја снимија неговата насилна реакција и бараж од пцовки, невообичаено за него.

– Правилата на АТП секогаш се ѓубре. Секогаш се ѓубре – луто рече Алкараз.

ПретходноФудбалерите на Лил мораа да бегаат од своите фанови после поразот од Црвена Звезда (ВИДЕО)
СледноНајголемата позитива во Битола – браќата Петар и Павле!