Во пресрет на стартот на полусезоната: Скопје го претстави новиот дрес!(ФОТО)

301

ФК Скопје вечерва на социјалните мрежи го претстави новиот дрес, со кој фудбалерите на оваа екипа ќе бркаат висок пласман во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Целта е да се стигне најмалку до местата кои водат во баражите, иако јасно е дека битката ќе биде жестока. Конкуренцијата е силна, а покрај “пиратите“, тука секако дека се и екипите на Новаци, Беласица, Брегалница, Шкендија Арачиново, есенскиот првак Охрид.

Во секој случај ќе биде супер интересно.

Инаку Скопје утре во меч од 16. коло или прво пролетно игра со Слога Виница на гости.

ПретходноПрилеп го декласира “фенерџијата“
СледноКК Пелистер стигна до “стотка“ за убедлива победа против Ангели