КК Пелистер стигна до “стотка“ за убедлива победа против Ангели

46

Кошаркарите на Пелистер, вечерва на отворањето на 16.коло во нашата елитна, славеа против составот на Ангели со 100:78.

Убедлив триумф на битолчани кои стигнаа до “стотка“, па на крајот со +22 поени ја забелажаа 12-тата победа сезонава, а ова беше 15-ти пораз на гостите во тековниот шампионат.

Домашните кошаркари во текот на целиот меч ги контролираа настаните на теренот, додека Ангели пружија силен отпор во првата четвртина која ја загубија само -3 поени, за понатаму едноставно немаа сила да му се спротистават на големиот фаворот.

Инаку битолчани мечот го решија во втората четвртина која ја добија со 25:14, потоа се беше само рутинско одработување на работата што се вели. Во продолжение од средбата, Пелистер ги доби и двете четвртини, но не така убедливо како втората, сепак на крајот славеше со +22 поени.

Кај домашните Вилсон со 26 поени беше најефикасен и на средбата, додека кај гостите се истакна Ренг со 18 поени.

ПретходноВо пресрет на стартот на полусезоната: Скопје го претстави новиот дрес!(ФОТО)
СледноПеп: “Учителите и докторите треба да се најважни во општеството – ПЛАТЕТЕ ГИ!“