Во рамките од 19. Коло од ПМФЛ шампионатот, тимот на Вардар на домашен терен го пречекува Башкими. По првите 45. Минути, домаќинот преку Цветковиќ води со 1:0, откако српскиот интернационалец погоди во последната минута од полувремето.
По само две три минути игра, Вардар постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд. Па потоа шансите на Омерагиќ, Данев, Закариќ исто така не беа искористени.
Башкими па од друга страна ориентиран на контра напади на два три пати имаше сериозна ситуација да пробие и да има еден на еден шанса, но во едната Дарко Велковски одлично реагираше и спаси, а во другата напаѓачите на кумановци не реагираа најдобро.
Вардар во последните минути направи мини офанзива, се префрли целосно на противнбичката половина што резултираше со конечно водство.















