Полувреме: Струга ТЛ со неколку шанси, ама само со водство од 0:1 во Битола!

99
ФОТО:.facebook.com/Fcstruga

Заврши првото полувреме од денешениот меч од 19.коло меѓу Пелистер и Струга ТЛ во Битола, и тоа со 0:1 за гостите. Водство кое според играта е апсолутно заслужено. Стрелец на голот беше Воша во 30.минута по убавата акција во која учествуваа и Компаоре и Радески.

Домашниот тим беше целосно надигран и може да биде среќен што губи само со еден гол разлика ако се знае дека Струга ТЛ имаше повеќе шанси барем за уште еден или два гола.

Сепак двапати Компаоре, еднаш Радески и уште еднаш Воша,како и Бојан Илиевски немаа среќа.

Пелистер се закани само еднаш и тоа во 18.минута кога Милојевиќ шутираше над пречката на Ангелети.

ПретходноПресврт: Престијани призна, ама цехот ќе го платат Винисиус и Мбапе!
СледноЦветковиќ за три од три на Вардар пролетва (ВИДЕО)