Пелистер – Струга ТЛ 1:1 е исходот од попладневниот меч од 19.коло кој се одигра во Битола. Гостите имаа се во свои раце, водство, добра игра, шанси за убедлива победа, но во таа 73.минута останаа без победа, по грешката на одбраната на чело со голманот Ангелети, која ја искористи Бошковски кој му асистираше на Лука Булатовиќ а овој ја погоди празната мрежа за 1:1. Претходно, уште во таа 30.минута Воша и донесе водство на Струга ТЛ од 0:1.
Па така значи гостинскиот тим на Бледи Шкемби и во третиот меч е без победа, по поразите од Шкендија и Силекс, денеска само реми во Битола.
Струга ТЛ може да жали, имаше шанси, посебно во првиот дел преку Компаоре двапати, па и Воша и Илиевски, како и Радески да дојде до поголемо водство од 0:1, но стружани не знаеја како да го погодат по вторпат голот на Јовчевски.
Пелистер во продолжение од средбата заигра понгажирана, тргна по тој гол да се “извади“ од негатиавата и успеа во таа 73.минута преку Булатовиќ на кого ова му беше четврти гол оваа пролет.
Јасно е дека овој еден бод обаа пролет на три одиграни мечеви за Струга ТЛ и тоа како е големо и непријатно изненадување ако се знае дека во пресрет на стартот на оваа полусезона овој тим имаше само -1 бод во однос на Вардар и беше посочуван како сериозен кандидат за титулата, а сега по ова 19.коло разликата е дури 9 бодови за Вардар.















