Еврогол на Стоилов за победа на Билис против Влазнија (ВИДЕО)

308

Ѓорги Стоилов е херојот на тимот на Билис кој што денеска во рамките од новото коло во шампионатот на Албанија го победи лидерот на оваа конкуренција екипата на Влазнија со конечни 2:1.

Офанзивецот влезе во второто полувреме од овој дуел, и по само две минути минати на терен го постигна еден од најубавите голови во неговата кариера.

„Начека“ една одбиена топка и околу дваесетина метри од „прва“ шутираше неодбранливо за водство на домашните.

Во финишот на мечот беа постигнати уште два гола по еден од двете страни.

Стоилов зимава му пристапи на тимот на Билис со транферот од Македонија ЃП.

ПретходноПелистер 2 ја заврши задачата, чека кикс на Бутел Скопје
Следно„Делегацијата“ на Башкими ДИВЕЕШЕ по мечот со Вардар…нападнати Бобан Николов, полицијата…. (ВИДЕО)