Денешното бундеслигашко коло донесе нов триумф на тимот на Баерн Минхен на домашен терен. Баварците на свој терен беа подобри од тимот на Ајнтрахт со конечни 3:2. Во меч во кој многу брзо и лесно стигнаа до 3:0, за да потоа противникот за малку не се врати од „мртвите“ што се вели. Павловиќ и на два пати Кејн донесоа голема предност, а потоа Буркард и Калимуендо до крајот на дуелот ги поставија конечните 3:2.
Од друга страна тимот на Унион Берлин со голот на Кедира беше подобар со 1:0 од Баер Левекрузен на свој терен.
Келн и Хофенхајм одиграа 2:2, додека пак Аугзбург обезбеди супер триумф кај Волфзбург од 2:3.










