ГРК Охрид со нов историски чекор – стави победнички печат на 1/4 финалето во ЕХФ Европскиот Куп

197

Екипата на ГРК Охрид обезбеди пласман во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп, откако дојде до победа и на реванш мечот против Дукла, на гостински терен славеше со 30-24.

Прибетиќ и Ојлески со по четири голови, додека голманот Пилиповиќ запиша 12 одбрани.

Противникот на патот кон полуфиналето македонскиот тим ќе го дознае во вторник за кого е закажана ждрепката.

Охриѓани ja имаа контролата на резултатот уште во првиот дел, иако овој пат не беа комотни како пред своите фанови, после првите 30 минути игра имаа позитива од 13-15. Во продолжение почнаа да градат посериозен пат кон триумфот и сосема заслужено се радуваа.

ПретходноУЕФА ја казни Барса, а Флик го предупреди!
СледноКрива Паланка преку Бадел 1862 до историско Куп финале