Два гола уште на полувреме: Ристовски и Елези „бомбардираат“ (ВИДЕО)

204
фото: FK Sarajevo (FB)

Фантастична голгетерска вечер за македонските интернационалци и репрезентативци во дресот на Сараево. Стефан Ристовски и Агон Елези беа стрелци на двата гола за сараевските „бордо“ момци кои по првото полувреме на мечот против Посушје од 22. коло на босанскиот шампионат, водат со 2:0.

Ристовски со погодок со глава го отвори резултатот уште во 15. минута, а Елези погоди за 2:0 во 33. минута од натпреварот.

За Ристовски ова веше втор гол оваа сезона во дресот на Сараево, додека Елези го запиша својот петти погодок за „бордо“ тимот.

ПретходноКрива Паланка преку Бадел 1862 до историско Куп финале
СледноМЗТ повторно славеше во Куманово, победи и за Маџари и Гостивар