ТФТ се врати на чело на табелата во Првата лига, откако вечерва во драматична завршница на мечот славеше над Феникс со 84:80. Момците од Тафталиџе предводени од стенли кој постигна 23 и Зафиров со 17 поени, дојде до нова победа со која ја продолжи победничката низа.
Кај екипата на Феникс 2010, најефикасен беше Дајсон со 16 поени.
Кошаркарите на Чаир победија во Гевгелија против Кожув со 81:99 и полека се искачуваат кон местата кои водат во плеј-офот. Чаирчани одиграа извонредно во втората и третата четвртина, кога го скршија резултатот и ја најавија победата.
Билингсли со 26 поени беле лидер во гостинската победа, а кај домашните Парвис постигна 13.










