Куп на Македонија: Мечот Шкендија Арачиново – Работнички ќе се игра во Куманово

152

Поради немање на ВАР систем услови на стадионот каде што ги игра домашните мечеви тимот на Шкендија Арачиново, дуелот од Купот на Македонија против Работнички како домаќин овој клуб ќе го одигра во Куманово. На стадионот на Башкими.

Оваа одлука и официјално ја пренесе второлигашот Шкендија Арачиново, со благодарност до ФК Башкими за овозможената организација на дуелот на нивен терен.

Мечот е дел од 1/4 финалето на Купот на Македонија, а е закажан да се игра на 24.02.2026 година во 14:00 часот.

 

Од друга страна пак, мечот помеѓу Струга ТЛ и Шкендија е закажан да се игра на 18.03.2026 година во 14:30 часот. Веќе од претходно е договорено Детонит и Силекс својот пак дуел да го одиграа во Кратово на 25.02.2026 во 14:00 часот.

 

ПретходноВо Кратово денеска дефинитивно ќе има фудбал
СледноСакаше да „ќари“ гласови за да стане претседател, но Кејн го демантираше