ПМФЛ полувреме: Тамба донесе предност, Бутуровиќ го „поништи“ водството на Шкендија (ВИДЕО)

171

Во дербито на 19. коло од ПМФЛ шампионатот, во кое во Кратово се среќаваат екипите на Силекс и на Шкендија на полувреме резултатот е 1:1.

По тешкиот терен за игра, тимот на Шкендија по почетната иницијатива преку Тамба успеа да постигне гол и да дојде во водство. Тоа се случи во 17. минута, а потоа Силекс мораше да посвети повеќе внимание на нападот.

Следуваше зицер ситуацијата на Ал Хасан во 42. минута кога од идеална ситуција ја погоди гредата од голот на Силекс, за да секунди подоцна Тамба шутира исто така од добра позиција, но Џеков спасува чист гол.

Поради ова, на спротивната страна Силекс искористи една грешка токму на Ал Хасан, кој што во обид да расчисти едноставно му асистираше на Бутуровиќ, а овој од идеална ситуација еден на еден го совлада Гаје за 1:1 во последната минута од полувремето.

ПретходноДалиќ по Мундијалот ќе биде селектор на Емиратите!?
СледноЏенова сигурна против Торино