Ивана Кметовска е најкорисната кошаркарка на финалниот турнир од Купот на Македонија кој денеска заврши во Македонска Каменица. Актуелната македонска репрезентативка одигра два одлични натпревари, и апсолутно заслужено ја доби главната индивидуална награда на турнирот.
Во финалниот меч, реализираше 24.поени со висок процент на реализација во обидите за два поени (10/13 односно 76% на реализација, и 4/7 за еден поен. На тоа додаде и девет скока, по една блокаада и освоена топка и пет загубени за 33:52 минути во игра.










