Денеска стартуваат натпреварите од 1/4 финалето на Купот на Македонија. Од 14 часот се играат два меча и тоа на ФФМ во Скопје бранителот на трофејот, Вардар, ќе го пречека второлигашот Вардар. Во Куманово, Шкендија Арачиново се среќава со Работнички.
Јасно е дека Вардар е голем, огромен фаворит против охриѓани. Сепак ова е Куп и не смее на тимот на Охрид никој да му го одземе правото да се надева на успех.
Работнички исто игра против второлигаш, но интересно е тоа што токму Шкендија Арачиново беше тимот кој што минатата сезона уште на стартот во Купот на Македонија го елиминира Работнички. Дали е време за одмазда.
Утре во Кратово се среќаваат Детонит и Силекс, кратовци ќе бидат гости.
Дербито меѓу Струга ТЛ и Шкендија, заради европските обврски на тетовци, се игра на 18 март.
Познато е дека и во оваа фаза од Купот на Македонија нема реванши, во случај резултатот да биде нерешен по истекот на 90.минути нема да има продолженија, веднаш ќе се изведуваат пенали.
ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ -ДЕНЕСКА
Скопје: Вардар – Охрид (14 ч)
Куманово: Шкендија (А) – Работнички (14 ч)
СРЕДА (25.02.2026)
Кратово: Детонит – Силекс (14 ч)
18.03.2026
Струга: Струга ТЛ – Шкендија (14:30 ч)
Инаку познати се и можните полуфинални двојки. Па така победникот од дуелот Шкендија (А) – Работнички се среќава со победникот од мечот Струга ТЛ – Шкендија. Од друга страна победниците од мечевите Вардар – Охрид и Детонит – Силекс се среќаваат во полуфиналето.










