Македонските кошаркари во шпански ритам – стартуваат нова ера (ФОТО)

154

Македонската кошаркарска репрезентација и официјално стартуваше со подготовките за новите претквалификациски дуели за пласман на Европското првенство 2029 година. Од овој циклус, па во продолжение Македонија ќе игра под нотите на шпанскиот стратег, Жозеп Мариа Берокал.

Новиот селектор денеска беше и официјално промовиран. Тој најави дека ќе биде целосно фокусиран на подигнување на нивото на кошарката, од младински до сениорските селекции.

Берокал беше задоволен од првиот ден минат со кошаркарите, за него во овој момент е најважна желбата за докажување, а тој ќе има кратко време за да воспостави нов систем, истиот ќе биде имплементиран во месеците што доаѓаат.

Тренинзите, но и мечот против Луксембург ќе се игра во салата во „Градски Парк“.

ПретходноОфицијално:Торино има нов тренер! (ФОТО)
СледноСудии за Куп на Македонија: Грујоски во Куманово, Пилешков ќе им суди на Вардар и Охрид